Барса ги закажа претседателските избори и предвидува загуба од 315 милиони евра!

фото: твитер

На седницата на Управниот одбор на Барселона беше одлучено претседателските избори да се одржат на 20 и 21 март следната година.

Со оглед на вонредните околности предизвикани од пандемијата на коронавирусите, а со цел да се заштитат сите, беше одлучено изборите да се одржат два дена на различни локации, а исто така е дозволено и гласање по пошта.

– Управниот одбор, во согласност со постигнатиот договор на состанокот на 17 август, ги закажа изборите за претседател на клубот на 20 и 21 март 2021 година – се наведува во соопштението.

Генералното собрание на делегатите ќе одржи седница на 25 октомври. Актуелниот претседател Хосеп Марија Бартомеу не може да се кандидира, бидејќи веќе помина два последователни мандати на чело на каталонскиот тим.

Иако би требало да остане на функцијата до следната година, Бартомеу би можел да распише избори уште порано, доколку се гласа за недоверба.

Потсетуваме, сегашното раководство на клубот од „Камп Ноу“ честопати беше мета на критики заради својата деловна активност и односот кон играчите на клубот. Последен во низата „удари“ беше желбата на Лионел Меси да го напушти клубот.

Човекот кој постави Гвардиола за тренер во Барселона ветува негово враќање на „Камп Ноу“

Странските медиуми наведуваат дека кандидати за претседател ќе бидат Виктор Фонт, Жоан Лапорта и Жорди Фаре.

Клубот, исто така, ја објави својата прва јавна проценка за финансиското влијание на пандемијата на коронавирусот, со околу 30% намалување на приходите во споредба со 2019 година, кога беше предвиден рекорден промет од 1 милијарда евра (900 милиони фунти/1,2 милијарда долари). Тоа е еднакво на намалување од околу 315 милиони евра (290 милиони фунти/372 милиони американски долари) во однос на сезоната 2019-20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот