Барса ги враќа навивачите на стадион поради Роналдо?

Постои можност навивачите да се вратат на трибините во декември.

Последниот натпревар од групата „Г“ од Лигата на шампионите помеѓу фудбалерите на Барселона и Јувентус може да се одигра пред одреден број гледачи на стадионот „Камп Ноу“.

Натпреварот меѓу шпанската и италијанската екипи е закажан за 8 декември 2020 година, а каталонската регионална влада најави дека Барселона може да го отвори својот стадион „Камп Ноу“ за одреден број на гледачи.

– Разговаравме со клубот за постепено враќање на навивачите и дојдовме до заклучок дека ова е тема што треба да се разгледува од натпревар во натпревар. Во првата фаза, на „Камп Ноу“ би можело да има помеѓу 3000-5000 илјади луѓе, а потоа, во согласност со епидемиолошката состојба, тој број може да се зголеми.

Мислам дека протоколите може да бидат подготвени за натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус на 8 декември, доколку ситуацијата не се влоши – рече генералниот директор за спорт во Каталонија, Жерар Фигуерас, за локалниот спортски дневен весник „Спорт“.

Тоа воедно би можело да нова пресметка помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а Португалецот кој има позитивен тест на коронавирус има мали шанси да истрча на теренот во Торино в среда на 28 октомври во првиот меѓусебен дуел сезонава во ЛШ во групната фаза помеѓу Јуве и Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот