Барса до крајот на сезоната без Гризман!

EPA-EFE/Alejandro Garcia

Францускиот напаѓач поради повреда која ја доби на натпреварот со Ваљадолид ќе го пропушти крајот на сезоната во „Ла Лига“.

Антаон Гризман нема да биде во составот на Барселона за последните два меча во најсилното шпанско првенство откако претрпе повреда на квадрицепсот на десната нога, потврдија од медицинскиот тим на клубот.

Меси не се откажува од титулата, нов исторски подвиг за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Се очекува најверојатно следниот меч репрезентативецот на Франција да го има во Лигата на шампионите против Наполи на Елиф Елмас на 8 август.

После триумфот на каталонскиот гигант против Ваљадолид со 0:1, моментно е на „минус еден“ од водечкиот Реал, но „кралевите“ можат повторно да бидат на „плус четири“ доколку вечерва освојат три бода против Гранада.

Во претпоследното коло Барса е домаќин на Осасуна, Реал го дочекува Виљареал, а во завршната рунда играчите на Сетиен гостуваат кај Алавес, додека оние на Зидан одат кај Леганес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот