Барса броеше до 40 и си ја научи лекцијата

Фото: twitter.com/ehfcl

На тој начин Барса ја научи лекцијата од полуфиналниот дуел со Вардар кога после првото полувреме имаше дури седум позитива, но на крајот ја испушти.

Овој пат ракометарите на Пасквал не дозволија слично изненадување, константно водеа од самиот почеток на мечот и успеаја да ја обезбедат „бронзата“, за каталонскиот гигант вкупно втора во неговата историја на Ф4 турнирите.

Ова е највисок резултат, 40:35 (без продолженија) во историјата на Ф4. Дика Мем беше најефикасен во победничките редови на Барса со осум голови, еден помалку запиша Јуре Доленец.

На спротивната страна за полскиот состав Аркадиуш Морито 10 пати се запиша во листата на стрелците.

Од 18.00 часот ќе се игра големото финале за шампионската титула меѓу екипите на Вардар и Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот