Барса, Атлетико или Реал: Кој има најдобар тим за 2019/20? (ФОТО)

Фото: sportsport.ba

Веќе објавивме како изгледа распоредот на натпреварите за следната натпреварувачка сезона 2019/20 во најсилната шпанска лига.

Барса ќе ја брани титулата, а дефинитивно очекува потешка сезона од лани, бидејќи мадридските ривали доведуваат квалитетни фудбалери во големата трка за шампионскиот трофеј.

Фото: sportsport.ba

Каталонците го ангажираа францускиот репрезентативец Антоан Гризман, дојде претходно и Френки де Јонг. Останува да се види летово дали навистина на „Камп Ноу“ ќе се врати бразилската ѕвезда Нејмар, а на тој пат најверојатно на продажба ќе се најдат Ракитиќ и Кутињо. Барселона сака да го има и Давид Алаба од Баерн Минхен во својата линија на одбрана, пишува каталонскиот весник „Мундо депортиво”.

Од Атлетико си заминаа Гризман, Родри, Годин, Лукас Ернандез…Раководството успеа да најде „идеални“ замени, така што на пример направи рекорден трансфер со младиот Жоао Феликс кој дојде од Бенфика за 126 милиони евра.  Овој клуб е убедливо најактивниот во летниот преоден рок, кој за купување на вкупно осум одлични играчи потроши 255 милиони евра.

Фото: sportsport.ba
Фото: sportsport.ba

Реал успеа да го ангажира Еден Азар од Челзи, дојде и Лука Јовиќ, а одбраната ја освежија Менди и Милитао. Се шпекулира дека тука Зидан нема да застане, големи желби остануваат Пол Погба, Кристиан Ериксен…

Кој е вашиот фаворит за освојување на титулата во шпанската „Ла Лига“ во сезоната 2019/20?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот