Баровите и ноќните клубови во Исланд нема да работат четири дена

Исланд / Фото EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Баровите и ноќните клубови во главниот град на Исланд, Рејкјавик, ќе бидат затворени четири дена, соопштија денеска властите.

Одлуката е донесена откако 58 од 59 случаи на коронавирус регистрирани во земјата се регистрирани во главниот град заклучно со понеделникот, објави „Гардијан”.

Најмалку четвртина од случаите биле поврзани со барови и ноќни клубови во центарот на градот, додека други случаи биле откриени на два универзитета во главниот град.

– Важно е да се одговори што е можно побрзо со насочени мерки за да се спречи генерализирана епидемија со последици, рече главниот епидемиолог Торолфур Гуднасон во писмото до министерот за здравство.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот на Исланд, пријавени се 2.230 случаи на Ковид-19 и 10 смртни случаи.

Вчера беа регистрирани 21 нов случај во земјава, најголем број заразени за еден ден во повеќе од пет месеци. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот