Баронот што го променил лицето на Париз, неговото дело било оспорувано, бил обвинет за лично богатење, а благодарение на него Париз станал еден од најубавите градови во светот

За да ги истакне новите и стари споменици, Осман се послужил со широките перспективи во облик на авении или пространства. Највоочлив пример бил плоштадот Етоал, од кој поаѓаат 12 авении, од кои најпознати се Елисејските полиња.

Жорж Ежен Осман, познат и под името барон Осман, понекогаш и како Хаусман, е познат во светот како најзаслужен за денешниот изглед на Париз.

фото Фејсбук

Осман бил творец на арондисманите (на кои градот е поделен), негова идеја била главните точки на градот да бидат големи плоштади во кои ќе се влеваат широките булевари. Тој ја проектирал Операта во Булоњскиот парк, како и многу други денешни знаменитости на градот, меѓу најпознатите секако Елисејските полиња и плоштадот Етоал.

Покрај другото, Осман бил заслужен и за изградба на париската канализација, која во голема мера придонела за унапредување на животот и здравјето на граѓаните на Париз, а тоа се смета и за едно од најголемите достигнувања на оваа епоха во реконструкцијата на денес еден од најпопуларните градови во Европа.

et aujourd'hui© Bing – microsoft corporation

Publiée par Georges Eugène Haussmann sur Mercredi 12 septembre 2012

Бил роден во Париз, на 27 март 1809 година, како син на воен интендент на Наполеон Бонапарта. Прво бил началник на департманот Нерак, а потоа префект на департманите Вар и Јон. Со помош на Виктор Персињ, тогашен министер за внатрешни работи, стигнал до Наполеон Трети и така станал префект на департманот Сена од 1853 до 1870. Од тоа место ја раководел и работата на преуредувањето на градот во времето на Второто царство.

Преуредување на Париз

На средината на 19 век, Париз сè уште го имал својот средновековен изглед. Наполеон Трети сакал тоа да го промени и Париз да стане престижна престолнина, па за таа работа го ангажирал префектот Осман, енергичен и методичен човек, кој не бил ни архитект ни инженер, но имал исклучителни способности на организатор. Осман направил ефикасен тим од архитекти и инженери, придавајќи им во тоа време исклучително значење во општеството.

Главната идеја потекнала од тогаш модерните хигиеничари чии теории за циркулирање на воздухот и луѓето следеле по „добата на просветителството“ и епидемијата на колера во 1832. година. Оваа кампања наречена е „Париз се разубавува, Париз расте, Париз станува почист“.

Neige à ParisAgence Rol1908ref : ark:/12148/btv1b531095065© BnF – Bibliothèque nationale de France

Publiée par Georges Eugène Haussmann sur Mercredi 7 février 2018

Осман бил заговорник на теоријата што во 17 век се нарекувала Култ на оската и која подразбирала прави линии. Од таа причина, биле отстранети некои амбиентални целини, а некои прави линии, односно улици од времето на Луј Четиринаесетти станале „Големи булевари“.

Се пробиле нови авении и булевари од плоштадот Трон до плоштадот Етоал и од Источната станица до Опсерваториумот. Елисејските полиња го добиле денешниот изглед.

Осман изградил и одреден број паркови и градини за да овозможи создавање свеж воздух. Тоа бил случај и со Луксембуршкиот парк, паркот Монсури, итн. Другите веќе постојни површини се трансформирале и преминале од статусот на зелени површини во високи места наменети за шетање.

Прописите на тоа време наметнувале многу строги правила во поглед на висината и архитектонскиот стил на градбите. Сите станбени згради личеле една на друга за да се сочува естетиката на целината.

За да ги истакне новите и стари споменици, Осман се послужил со широките перспективи во облик на авении или пространства. Највоочлив пример бил плоштадот Етоал, од кој поаѓаат 12 авении, од кои најпознати се Елисејските полиња.

Исто така, заедно со инженерот Белграндо, го создал системот на водоводот и модерна мрежа на подземната канализација, а денес постои и туристичка атракција позната под името Les Egouts (канализација), која вклучува и посета на подземниот систем на цевки, тунел и музеј.

На градот ги додал и 11-те околни општини, па бројот на арондисманите се искачил од 12 на 20, а буржоаските квартови се концентрирале во неговиот западен дел.

Ова преуредување на Париз имало висока цена, а се проценува дека работите на баронот Осман промениле дури 60 отсто од Париз.

Оспорување и критики

Османовото ангажирање на преуредување на Париз му донело нова функција на сенатор, член на Академијата на убави уметности и орден на витез на Легијата на честа. Меѓутоа, неговата титула на барон била долго оспорувана. Сам во мемоарите објаснил дека титулата почнал да ја употребува по изборите во Сенатот, во 1857, на основа на декретот на Наполеон Први, кој таква титула им доделил на сите сенатори.

Il y a 150 ans, le 1er janvier 1860, sous l'impulsion du baron Haussmann, 11 communes sont annexées à Paris : Auteuil,…

Publiée par Georges Eugène Haussmann sur Vendredi 1 janvier 2010

И неговото дело било оспорувано колку и титулата, најмногу поради големите жртви што ги причинил и финансиите што биле мошне сомнителни. Дел од населението своето незадоволство го искажува во исто време кога опозицијата ја презела власта.

Во 1867 пратеникот Ернест Пикар јавно го прозвал на одговорност баронот Осман. Бурни расправии следувале потоа во парламентот, а тие предизвикале контрола на работите што Осман до тогаш вешто ја избегнувал. Го обвинувале, неправедно, за лично богатење.

The Boulevards, Paris, on New Year's Dayin The Illustrated London NewsJules Pelcoq1869ref : ark:/12148/btv1b530266329© Gallica BnF

Publiée par Georges Eugène Haussmann sur Mardi 1 janvier 2019

Новиот кабинет на Емил Оливие го сменил баронот од функција, кој едно време се надевал дека ќе влезе во владата за да ги реализира своите градителски идеи.

Откако неколку години живеел во едно повлечено место во близина на Бордо, Осман се вратил во јавниот живот станувајќи пратеник на Корзика. Останал бонапартист, и покрај повторното воспоставување Република.

Последните години од животот ги посветил на работата на своите мемоари, значаен дел во историјата на урбанизмот на Париз.

Барон Осман починал на 11 јануари 1891. Бил погребен е на гробиштата Пер Лашез во Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот