7 C
Скопје

Барон Бенџамин де Ротшилд почина на 57-годишна возраст

Баронот Бенџамин де Ротшилд почина во петокот, на 15 јануари, откако доживеа срцев удар во неговиот дом во Швајцарија, објави „Rothschild Group“. Тој имаше 57 години.

Бенџамин де Ротшилд е роден на 30 јули 1963 година и е дете на бароните Едмонд и Надин де Ротшилд. Во 1997 година, на 34-годишна возраст, тој го презеде семејниот бизнис „Edmond de Rothschild Group“ основана од неговиот татко во 1953 година.

Светски познатиот претприемач, Баронот Бенџамин ги прошири филантропските активности на групата на извонреден начин. Тој беше експерт за финансии и иновации и секогаш се трудеше максимално да ги искористи своите способности и средства.

Ротшилд беше сопственик на инвестициска фирма во Израел и оствари значителни донации во високообразовните институции, како и во програми насочени кон намалување на празнините во образованието во израелското општество.

Прочитајте и...  Интересни факти за 8 Март, Денот на жената

„The Edmond de Rothschild Group“ се фокусира на приватното банкарство и управување со средства и капитал на меѓународни клиенти и институции и има 32 канцеларии ширум светот.

Во април беше објавено дека покојниот Барон и неговата сопруга донирале 50 милиони за набавка на медицинка опрема за 22 болници во Израел во обид да помогнат државата полесно да се справи со пандемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

ФОТО | Цената на сите детали кои Меган ги носеше на интервјуто на деценијата: Еден е посебно драгоцен, а со тој ѝ одаде почит на починатата принцеза Дијана

Слободен печат

Снежана Василевска ни препорачува: Израдувајте ги најблиските со неодоливиот германски колач Комисброт

СП.

Не постои пооригинална честитка за 8 Март: Најубавите цитати за жените што ги смислиле големите писатели

Слободен печат

Многу изненадувања за 8 Март со myWorld

СП.

Објавена листата со пејачи кои ќе настапат на доделувањето на Греми наградите

Слободен печат

ФОТО | „Ова е сатанизам“: Северина ги вознемири верниците – Цел викенд враќаше на навредливи коментари

В.Т.

Остави Коментар