Барнс: Манчестер јунајтед премногу живее во минатото!

фото: твитер

Една од легендите на Ливерпул смета дека „црвените ѓаволи“ престанаа да имаат императив да победуваат, да освојуваат трофеи..

Легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џон Барнс вели дека најголемиот ривал Манчестер јунајтед премногу живее во минатото и дека гледа сличност со неговиот поранешен клуб.

Барнс (роден во Кингстон, Јамајка), но со настапи за англиската репрезентација, на клупски план со клубот од „Енфилд“ успеа двапати да биде шампион на Англија во сезоните 1988 и 1990 година.

Кога дојдов во Ливерпул, барањата беа максимални, само победи. Бевме најголемиот клуб во Англија, но потоа дојде ерата на Манчестер Јунајтед. Уште некое време, иако завршувавме на третото, четвртото место, се сметавме за играчи на најголемиот клуб, бидејќи ние сме Ливерпул. Но, како што продолжуваше ситуацијата, почнавме да паѓаме во сенка и да живееме премногу во минатото.

Тоа сега му се случува на Манчестер јунајтед. Кога Сити дојде на врвот, и натаму беа поголем клуб и играчите сигурно се чувствуваат среќни што се наоѓаат во Јунајтед. Дури и доколку завршат зад Тотенхем, не е важно, тие се Манчестер јунајтед. Со текот на времето, тие престанаа да имаат императив да победуваат, да освојуваат трофеи и започнаа да живеат премногу во минатото, исто како што беше случајот со Ливерпул – рече Барнс.

Ливерпул е на работ да ја освои титулата во Премиер лигата оваа сезона за прв пат по 30 години пост.

Манчестер Јунајтед својата последна титула ја имаше 2013 година, кога сè уште на клупата беше легендарниот сер Алекс Фергусон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот