9.2 C
Скопје

Барние: Нема услови за постигнување договор за Брегзит

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние во разговорите за излез на Велика Британија од Унијата вечерва изјави дека интензивните разговори со Лондон во моментов се прекинати бидејќи нема услови за постигнување договор.

– После една недела интензивни преговори во Лондон, заедно со британскиот преговарач Дејвид Фрост, денеска оценивме дека нема услови за постигнување договор, поради значителните разлики во областите – еднакви права за сите, управување и риболов, напиша Барние на Твитер.

Тој истакна дека преговорите засега се прекинати со цел засегнатите страни да бидат информирани за „состојбата на работите”.

Барние најави дека претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утре ќе разговара со премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон. 

Прочитајте и...  Министрите за надворешни работи на ЕУ утре за вакцините за Западен Балкан

Извор.МИА

Поврзани вести

Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот

Слободен печат

ВИДЕО: Полицијата со водени топови ги растеруваше демонстрантите во Холандија, уапсени се 25 лица

Слободен печат

Делови од Карпош утре ќе останат без вода

Слободен печат

„Цела куќа се тресеше како граната да експлодира“: Нов силен земјотрес кај Петриња

Слободен печат

Кумановци масовно со пет автобуси на шопинг во Врање

Слободен печат

Црните Американци како мене очекуваат Џо Бајден да испорача

Есан Свон/Financial Times

Остави Коментар