Барние: Ќе ги штитиме интересите на граѓаните на ЕУ во преговорите за Брегзит

ФОТО: Принтскрин

Двете страни ќе преговараат за идните меѓусебни односи во економијата, безбедноста, енергетиката и сообраќајот.

Преговарачот на Европската унија за Брегзит Мишел Барние предупреди на можните последици од тој процес за граѓаните на ЕУ, но и на Велика Британија.

Последиците би се јавиле доколку дојде до прекин на слободното движење на граѓаните помеѓу Велика Британија и ЕУ. А Барние истакна дека во преговорите со Лондон ќе ги штитат интересите на граѓаните на ЕУ.

Периодот на преговори за Брегзит помеѓу Брисел и Лондон ќе трае до крајот на оваа година. Двете страни ќе преговараат за идните меѓусебни односи во економијата, безбедноста, енергетиката и сообраќајот.

-Никој не треба да потсетува на директните последици од укинувањето на слободното движење, што е во центарот на вниманието на Брегзит, рече Барние.

Оваа изјава на Барние уследи откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен рече дека по завршувањето на процесот, повеќе нема да постои слободно движење на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот