Баркли открива: Играв пијан на НБА натпревар и не се сеќавам на резултатот

Легендарниот кошаркар ја прославувал трампата во ЛА Лејкерс која на крајот не се случила.

Чарлс Баркли од 194 до 1992 година настапуваше за екипата на Филаделфија сиксерс, а токму во последната сеозна во која го носеше дресот на славниот НБА тим, призна дека еден натпревар одиграл мортус пијан бидејќи ја прославувал трампата во ЛА Лејкерс…

– Ме повика агентот и ми рече дека ќе бидам дел од размена со ЛА Лејкерс. Тоа беше попладне и веднаш со пријателите заминав во паб за да прославам за размената – вели Баркли.

Но неколку часа подоцна добил нов повик од својот агент.
– Три часа подоцна, околу 15.30 часот агентот повторно ми се јави и ми рече дека Филаделфија се повлече од размената. Бев мортус пијан, а вечерта мораше да играм натпревар. Му реков: Мора да се шегуваш, мортус пијан сум. Искрено, воопшто не се сеќавам како играв на тој натпревар – раскажува Баркли.

Чарлс Баркли во 1992 година сепак ја напушти Филаделфија, но не замина во ЛА Лејкерс, туку во Феникс санс каде остана до 1996 година. Со Феникс играше во големото НБА финале 1993 година кога загуби од Чикаго, а во таа сезона беше прогласен и за најдобар играч во лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот