Баркли ќе добие статуа во Филаделфија

Чарлс Баркли за Филаделфија сиксерс настапуваше од 1984 до 1992 година и имаше просек од 23 поени и 11 скокови по натпревар, што и денеска е рекорд во историјата во клубот.

Баркли во 1992 година беше разменет во Феникс санс каде успеа да дојде и до признанието за МВП на лигата и играше во големото финале каде загуби од Чикаго булс.
Потоа Баркли кој е еден од 50 најдобри кошаркари во историјата на НБА лигата, помина уште четири години во Хјустон рокетс, но најголема трага остави токму во Филаделфија.

Во „Алејата на легендите“, Чарлс Баркли ќе им е приклучи на Били Канингем, Вилт Чембрлен, Морис Чикс, Џулиус Ирвинг, Хал Грир и Боби Џонс кои се најславните кошаркари кои го носеле дресот на Филаделфија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот