Баркли: Доколку добро ме платите ќе работам и за Кју Клукс Клан

Чарлс Баркли се смета за најдобриот кошаркар во историјата на НБА лигата кој нема освоено шампионска титула, а неговите изјави се легендарни и контроверзни.

Баркли ја одбележа НБА лигата во 1980-тите и 1990-тите години кога беше еден од најдобрите кошаркари, а воедно и еден од најконтроверзните.

Неговиот избувлив темперамент често го „водеше“ во борби на терените и надвор од нив, некои беа вербални, а не ретко имаше и физички. Исто така е познат како човек без влакна на јазикот и тоа често му носеше парични казни, како таа во 1991 година кога плукање кон публиката во Њу Џерси го чинеше 10.000 долари плус една месечна плата помалку.

Сакав паричните казни наместо во НБА да ги уплаќам на хуманитарни организации кои се грижат за бездомниците, но така до крајот на сезоната тие ќе живееја во поубави куќи од мојата – е една од легендарните изјави на Баркли кој исто така не ја криеше ни својата зависност од коцкањето.

Според негови блиски пријатели, тој во кариертаа има прокоцкано околу 10 милиони долари, а во една прилика изгубил 2.5 милиони долари за само шест часа играјќи блекџек.

Можете да ме купите. Дококолку доволно ме платите, ќе работам и за Кју Клукс Клан.Да не заработев толку многу пари играјќи кошарка, луѓето ќе бегаа од мене кога ќе ме сретнеа на улица – зборува Баркли.

Интересно е што Баркли е еден од малкутемината НБА кошаркари во историјата кои во два наврати се примени во Куќата на славните во Спрингфилд.
Првиот пат во 2006 година поради неговата кариера, а вториот пат во 2010 година како дел од оригиналниот дрим тим. Неговата изјава од 2006 година спаѓа во редот на легендарните.

Ќерка ми има 17 години и сè уште не излегува со момчиња и благодарен сум за тоа. Се надевам дека така ќе остане се додека не станам член на Куќата на славните, не сакам да убијам некого пред да „влезам“ во Спрингфилд.

Дека знаеше да се шегува и на сопствена сметка доказ е денот кога се пензионира.
Се пензионирав и сега сум баш тоа што и треба на САД, уште еден црнец без работа.

Тој имаше несреќа да игра во ерата со најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан, за кого тогаш немаше добри зборови.

Мајкл околу себе нема добри професионалци. Не му зборуваат ништо за да не го нервираат и не му го покажуваат вистинскиот пат. Мајкл не прави добри работи – зборуваше Баркли, а не „менито“ му се најде и Леброн Џејмс.

Мислам дека Леброн и плачливко и дека постојано се жали кога вели дека никој не му помага. Тој ја освои титулата, а ги критикува соиграчите. Јас сум негов голем фан, треба да му се оддаде признание за тоа. Но, да сум јас на местото на Леброн Џејмс ќе замолчам.

Одговорот на Џејмс за овие зборови на Баркли беше краток: Тој е глупак, тоа е што имам да кажам.

Баркли не застанува тука со контроверзните изјави кои муј ја одбележаа кариерата како играч, но и сега кога работи како стручен аналитичар.

Знаете дека светот одите во к**ац кога најдобриот рапер е белец, а најдобриот голфер е црнец.

– Затворот е една од најдобрите работи кои ми се случија во животот.


– Кога пристигнав на Универзитетот Оубурн ме однесоа во стриптиз клуб. Кога ги видов нивните ц**ки знаед дека нивниот образовен систем е токму тоа што го барам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот