Барди: Сите сме со вас браќа, уште еден чекор пред големиот сон!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешниот натпревар против Грузија за пласман на наредното Европско првенство (18.00 часот) ќе недостасува важен играч во македонската А репрезентација, Енис Барди.

Поради повреда отпадна од комбинација за настап на финалниот дуел, па така ќе мораме без играчот на Леванте да бркаме историски резултат во Тбилиси.

Секако не ја пропушта шансата да им даде поддршка на своите репрезентативни колеги со верба дека ќе се направи огромен успех.

– До овде стигнавме затоа што заслуживме, уште еден чекор пред големиот сон на сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве поддржам во секоја секунда на натпреварот. Поддржете се еден за друг и ќе го добиеме уште овој меч. Ајде момци, сите сме со вас браќа – напиша Барди на својот Инстаграм профил.

Барди веќе знае како е да се игра на ЕП, пред три години тоа го направи со У21 селекцијата, но се надеваме дека ќе го гледаме и наредната година како дел од европскиот „крем“ со најдобрите и во сениорскиот дрес на Македонија.

ВИДЕО: Пендаровски им посака среќа на фудбалерите и убеден дека ќе победиме во Тбилиси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот