Барди сака да си оди, Милан и Бетис на готовс

Енис Барди/ фото: EPA-EFE/Biel Alino

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди побарал од челниците на Леванте да го стават на трансфер листата, со што се зголемуваат шансите за негов трансфер во италијанскиот гигант Милан, а во игра потпис се и шпанските Реал Сосиедад и Бетис.

Барди во средата имал состанок со претседателот на шпанскиот тим, Кико Каталан и на него наводно побарал да биде продаден до крајот на зимскиот преоден рок објави,  шпански „Супердепорте“.

Оваа вест за Барди доаѓа само еден ден откако беше објавено дека Милан подготвува понуда за македонскиот репрезентативец.

Милан уште минатото лето пројави интерес за Барди, во италијанските медиуми се споменуваше сума од девет милиони евра кои „росонерите“ беа подготвени да платат како обесштетување, но на крајот  македонскиот репрезентативец остана во Леванте.

Сезонава, Леванте игра лошо во Ла Лига, моментно се наоѓа на последното место на табелата со освоени 11 бода од 20 натпревари и има само една победа.

Шпанските медиуми пишуваат дека Барди е разочаран од игрите на екипата и поради тоа на состанокот со претседателот Каталан побарал да биде ставен на трансфер листата и да биде продаден уште во јануари. Барди инсистирал да си замине уште сега и наводно му порачал на претседателот дека нема намера да го продолжува договорот кој му истекува на лето.

Леванте може да се согласи на продажба на македонскиот репрезентативец бидејќи мора да ги покрие долговите од 15 милиони евра и во моментов Барди е еден од највредните фудбалери во екипата.

Италијанскиот гигант Милан е најзвучното име кое се поврзува со евентуален трансфер на Барди.

Управата на Милан не може да најде заеднички јазик со Френк Кеси за продолжување на договорот и веќе започна потрага по евентулна негова замена. Изборот падна токму на Барди и Милан веќе подготви пет милиони евра за трансфер уште во зимскиот преоден рок.

Освен Милан, сериозен интерес за Барди пријавуваат и шпанските Реал Сосиедад и Бетис.

Барди во Леванте дојде за само 1,5 милиони евра од унгарски Ујпешт во 2017 година и неговиот договор истекува на лето, но има опција за едногодишно продолжување.

Во петте години во Леванте, Барди одигра 131 натпревар во Ла Лига и постигна 23 година, додека за македонската репрезентација има 41 настап на кои постигна девет гола, а минатото лето настапи и на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот