Барди: Оваа генерација покажа дека многу вреди и дека треба да се почитува повеќе

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Енис Барди, капитенот на македонската А фудбалска репрезентација го постигна единствениот гол во ремито против Англија во Скопје.

За нашиот играч тоа беше 16 гол во дресот на националниот тим, трет годинава во која запиша и по еден погодок против Украина и Италија.

Барди по мечот кажа дека овој бод против Англичаните на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е заслужен.

Последен натпревар за нас во 2023 година, и мислам дека секој од нас го доживеа многу добро. И пред мечот си кажавме дека цела година работиме, во обидот да ги поправиме нашите грешки. Значи, сè што треба, карактер, менталитет, да се создаде победнички дух.

Заслужено освоивме бод против Англија, повторно примивме гол од корнер, мислам дека ова ни е слаба точка на што треба да работиме повеќе, и да не примаме вакви голови. Овој резултат многу ни значи, против силни репрезентации во групата дојдовме до бодови. Ќе се подготвуваме за следните циклуси, оваа генерација покажа дека многу вреди и дека треба да се почитува повеќе. Благодарност до навивачите кои дојдоа на трибините да ни ја дадат поддршката, дај Боже да има секогаш ваков амбиент и да уживаме во вакви натпревари – рече Барди.

ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонија одигра храбри 1:1 против големата Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот