Барди му донесе бод на Леванте против Атлетико Мадрид!

Енис Барди пред одлука дали да продолжи со Леванте/Фото: EPA-EFE/Salvador Sas

Денеска се одигра заостанатиот натпревар од второто коло во „Ла Лига“ во кој ремизираа екипите на Леванте и Атлетико Мадрид (1:1).

Водство за домаќините донесе македонскиот репрезентативец Енис Барди кој стрелаше во 17 минута од средбата на теренот во Валенсија. Нашиот играч кој беше стартер настапи до 86 минута кога беше заменет од Рочина.

ВИДЕО: Барди стрелаше против водечкиот Атлетико Мадрид!

Играчите на Диего Симеоне успеаја да израмнат благодарение на погодокот на Љоренте во 37 минута.

На табелата во најсилното шпанско првенство водат и натаму „јорганџиите“ со 55 бодови, додека Леванте е на 11 позиција со 28.

За три дена (20 февруари) овие две екипи ќе се сретнат повторно овојпат на стадионот „Ванда Метрополитано“ со почеток од 16.15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот