Барди конечно се врати на терените: Ми беше малку тешко кам-бекот, сепак еден месец бев надвор од терените

Барди го одигра второто полувреме против Севиља во рамки на 10 коло во Ла Лига/ фото: EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Македонскиот репрезентативец Енис Барди по пауза од речиси еден месец пауза поради повреда на тетивата конечно се врати на фудбалските терени и беше дел од тимот на Леванте во натпреварот против Севиља (3:5) во рамки на 10. коло во Ла Лига. Барди влезе во игра на стартот од второто полувреме, но сепак Леванте на крајот загуби од третопласираната екипа во Ла Лига.

– Имав голема желба да се вратам, но ми беше малку тешко. Неиграњето од еден месец ги чини скапо фудбалерите, но сега тој период е минато и сум фокусиран на на следните предизвици. Сакам да сторам се што можам за тимот да победува – изјави Барди за шпанските медиуми.

Следен предизвик за Барди и Леванте е дуелот со актуелниот шампион Атлетико Мадрид.
– Секој натпревар е тежок за нас. Не чека уште еден многу тежок натпревар, и ќе треба да одиграме добро цел натпревар. Ќе видиме како ќе одиграме, но верувам дека сите ќе дадеме максимум да извадиме добар резултат – додава Барди.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот