Барди: Имаме уште една шанса да одиме на ЕУРО 2020!

Слободен печат/Арбнора Мемети

Во пресрет на последните два квалификациски натпревари од циклусот за пласман на ЕУРО 2020 против Австрија (16. ноември, „Ернст Хапел“, Виена) и Израел (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“), македонскиот репрезентативец Енис Барди вели дека овие два натпревари се многу важни и треба да влеземе со најголема концентарција доколку сакаме да оствариме позитивен резултат.

– Најпрвин, нема поголема мотивација од тоа што сме тука. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Сеуште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство – рече Барди.

Вели дека на мечот против Австријците треба да се влезе со најголема концентрација и да се даде сè од себе како во секој натпревар.

– Поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација – додаде играчот на Леванте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот