Барди има повеќе голови од „кралевите“ Бејл и Азар!

фото: твитер

Енис Барди им се врати на головите откако на денешниот натпревар во рамките од „Ла Лига“ стрелаше во триумфот на Леванте (1:3) кај Еспањол.

Тоа беше третиот погодок сезонава на македонскиот репрезентативец на листата најдобри стрелци во шпанското првенство.

Истиот негов учинок во шампионатот го имаат и Модриќ (Реал Мадрид), Родриго (Валенсија), Диего Коста (Атлетико Мадрид)…

Послаби стрелци од нашиот интернационалец се моментно Јанузај (Реал Сосиедад) 2, Ел Хадади (Севиља) 2, Бејл (Реал Мадрид) 2, Де Јонг (Варселона) 2, Јовиќ (Реал Мадрид) 2, Рафиња (Селта Виго) 2, Бака (Виљареал) 2, Еден Азар (Реал Мадрид) 1, Иско (Реал Мадрид) 1, Черишев (Валенсија) 1, Иван Ракитиќ (Барселона) 1…

На првото место е Меси (Барселона) со 21 гол, пред Бензема (Реал Мадрид) со 16 и на третата позиција Морено (Виљареал) кој има 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот