Барди и Леванте среќно до бод против Севиља (ВИДЕО)

фото: твитер

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 61 минута како замена за црногорскиот интернационалец Вукчевиќ.

Ново трето реми по ред сезонава во најсилното шпанско првенство за играчите на Леванте, денеска на домашен терен одигра нерешено и со Севиља (1:1).

Двата гола беа реализирани во второто полувреме, во 46 минута стрелаше де Јонг после асистенцијата на Ел Хадади за водство на гостите.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди настапи од 61 минута како замена за црногорскиот интернационалец Вукчевиќ.

Во самиот финиш од средбата домаќините среќно дојдоа до бод благодарение на автоголот на Бразилецот Диего Карлос.

Леванте останува на средината на табелата во „Ла Лига“, поточно на 12 позиција со 35 бодови и во следното коло ќе игра против Еспањол на гости на 20 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот