Барди го одигра целиот меч, бодовите за Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Составот од Валенсија го претрпе и третиот пораз откако денеска во четвртото коло на шпанската „Ла Лига“ загуби како домаќин од „кралскиот“ клуб.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте кој на крајот загуби со резултат 0:2 од Реал Мадрид. Нашиот интернационалец имаше неколку шанси да ја затресе мрежата на голманот Тибо Куртоа, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Стрелец на првиот гол за гостите го реализираше бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор кој прекрасно стрелаше во мрежата на Аитор Фернандез Абарискета после изведен корнер.

Во самиот финиш од средбата (90+5`) конечниот епилог од контра напад го реализираше Французинот Карим Бензема.

За играчите на тренерот Зинедин Зидан ова е трет триумф по ред во најсилното шпанско првенство и моментно се на првото место во генералниот пласман со 10 бодови.

Се одиграа уште два меча, Осасуна со 2:0 го совлада составот на Селта Виго, а Алавес со 1:0 триумфираше над Атлетик Билбао.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот