Барди е позитивен на коронавирус

енис барди
Енис Барди, еден од клучните играчи на македонската репрезентација/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонскиот репрезентативец кој треба да биде еден од клучните играчи на Европското првенство, Енис Барди доби позитивен тест на Ковид-19 и се наоѓа во изолација во тимската база на репрезентацијата.

Фудбалерот на Леванте при доаѓање на собирот на репрезентацијата ги почитуваше мерките и здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, како и сите останати фудбалери и членови на репрезентацијата и немаше контакт со тимските колеги и лицата од стручниот штаб.

Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19. Важно е да се напомене дека пред почетокот на собиорот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика – изјави Александар Савески, дел од лекарскиот тим на  репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот