Барди: Даваме голови за клубовите, а тука или не ни оди или не нè сака топката

фото: ФФМ

Енис Барди, капитенот на македонската А репрезентација е свесен дека резултатите можеа да бидат подобри, доколку се реализираа шансите на досегашните дуели, особено на оние против Грузија.

Шансите за првото место во групата „4“ се загубени од Ц сегментот во Лигата на нации, но останува да се одбрани втората позиција со победа или реми против Бугарија и потоа најверојатно се најдеме во четвртиот шешир пред жрепката на 9 октомври кога ќе се дознаат квалификациските групи за Европското првенство во 2024 година.

Дуелот против бугарската селекција ќе се игра во понеделник (26 септември) со почеток од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

– По поразот во Грузија со таква игра, беше тешко. Фудбалот се игра на резултат, не е добро кога ќе загубиш, ама одиме напред. Имаме уште една шанса, да покажеме дека тој резултат во Грузија не беше вистинска слика и со три бода можеме да извадиме позитивен момент. Ние имаме доста нови играчи, потребно е време да се запознаеме со дел од тимот. Како што гледам, сите даваат голови за клубовите, а тука или не ни оди или не нè сака топката.

Мора да сме трпеливи, ќе дојде нашиот момент. Ја знаеме сопствената цел, тоа е пласман на Европското првенство. Мора да чекаме, потребно им е време на младите да се адаптираат. Ние постарите имаме искуство, а останатите се под мала тензија. Потребна е поддршка, сметам дека сме добра генерација и ќе направиме големи работи“ – рече Барди на прес-конференцијата.

ФФМ апелира за фер и коректно навивање на натпреварот Македонија – Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот