Барди: Амбициите се големи, важно е да стартуваме со победа

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва ја очекува натпревар против Малта во рамките од квалификациите за Европското првенство 2024 година.
Против Малта сме фаворити, тоа е репрезентацијата која е аутсајдер во нашата група во која се уште Украина, Англија и Италија. Енис Барди пред овој натпревар порача дека е важно, Македонија да стартува со победа.
„Според последните резултати на овој тим, пласман на Европско првенство, финале во баражот за настап на Светскиот шампионат амбициите сигурно се големи. Но, сето тоа мораме да го заборавиме и да се фокусираме на тоа што нѐ очекува. Посебно за овој прв натпревар со Малта. За нас е многу важно да почнеме со победа бидејќи нашата цел во оваа тешка група е да забележиме што е можно повисок пласман. Знаеме дека можеме да играме против сите репрезентации, но на секој натпревар мораме да одиграме најдобро што можеме”, изјави македонскиот репрезентативец.
Ристовски: Ако отвориме со Малта на добар начин, ќе добиеме ветер во грбот за следните натпревари