Барбара Шет „го издаде“ Новак: Ѓоковиќ одамна е вакциниран

Новак Ѓоковиќ беше скандалозно пречекан на аеродромот во Мелбурн/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Поранешната австриска тенисерка Барбара Шет, верува дека Новак Ѓоковиќ одамна е вакциниран и би требало да настапи на Австралија Опен кој ќе се игра во јануари идната година.

Шет ова го изјави за „Клајне Цајтунг“, напоменувајќи дека првиот тенисер на АТП ранг листата одамна примил вакцина против коронавирус, бидејќи без неа не би можел да настапи ниту на Мастерсот во Париз на кој и триумфира откако во финалето во три сета го победи Данил Медведев.

Новак Ѓоковиќ одамна е вакциниран – кратко изјави Барбара Шет за австрискиот весник.
Од друга страна, Новак Ѓоковиќ не сака јавно да открие дали е вакциниран постојано напоменувајќи дека
тоа е негова приватна работа и посакува така и да остане.

Видео на денот