Барате здрави идеи за појадок? Тогаш ова не го пропуштајте!
Во периодот на самоизолација имаме повеќе време за подготвување на здрави и инспиративни појадоци кои ќе ни донесат ведрина уште на почетокот на денот.
Ако сакате здрава храна, ако внимавате на килограмите и во време на самоизолација, или можеби, ако сте веган или вегетаријанец, сигурно ќе бидете воодушевени од Инстаграм профилот „One slice more“ кој го води, како што сама се нарекува – „обожавателката на појадок“, Сара.
Иако таа сама не е вегетаријанец, сака да подготвува храна од овошје и зеленчук и да експериментира на вешт начин со здрави намирници.
Освен фотографија од приготвеното јадење, на постот следува и деталниот преглед на потребни намирници и секако, како да си го подготвите рецептот.
Сара нуди најразлични идеи за појадок, како и бројни рецепти за смути, за подготовка на енергетски плочки, за енергетски пијалоци, но и за здрави утрински десерти.
Секако, „листајќи“ го овој Инстаграм профил, ќе забележите дека неговата креаторка не ужива само во сласните вкусови, туку и во употребата на боите, правејќи различни комбинации на вкусови со употреба на намирници во најразлични бои.
Сара нуди и можност за 5 евра да можете, доколку сакате, онјалн да купите готвач со 50 понудени рецепти поради кои утрата ќе ви бидат многу повесели.
Ви препорачуваме да „фрлите око“ на нејзиниот блог или барем да почнете да ја следите на Инстаграм и црпите идеи за сопствени готварски проекти.