Барате романтичен маж? Ќе го најдете меѓу овие 3 хороскопски знаци! – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

Барате романтичен маж? Ќе го најдете меѓу овие 3 хороскопски знаци!

Доколку сакате вашиот иден сопруг да биде некој романтичен тип, ние ви советуваме вашиот избраник да биде еден од овие три знака.

Станува збор за најдобрите љубовници и романтичари кои ќе ве научат да уживате во малите работи. Па така, доколку барате романтичен џентлмен, ви советуваме да одберете некој од следниве хороскопски знаци…

Рак

Ракот е неверојатно романтичен и нежен. Можеби не сте го забележале тоа од прв поглед, но тој има многу силни емоции кои ги крие зад маската на цврста и непопустлива личност. Сака да ужива во романтични прошетки и гледање во ѕвездите, а за вас ќе биде подготвен да направи сѐ! Доколку навистина му значите, тој ќе сака да ве заштити од сите.

Лав

Лавот сака да се бори за жената која е единствена за него на овој свет. Доколку вие сте токму таа, сметајте се себеси за голема среќница. Тој ќе ви ја докажува неговата љубов на различни начини, од романтични љубовни состаноци до внимателно одбрани подароци. За него нема да постои ни една друга. Сака да има конкуренција бидејќи тоа го мотивира уште повеќе да ви се докажува, а за возврат ќе очекува секогаш да го пофалите и да му давате комплименти.

Риби

Нема сомнеж дека Рибите се непоправливи романтичари. Ним никогаш не им е доста од нежност и љубов. Единствена маана им е што не се доволно одлучни и упорни, па нема да знаат како да ви пријдат и да ве освојат иако силно ве посакуваат. Очекувајте романтични прошетки по брегот со музика и мирис на цвеќиња. Неговиот глас ќе ве освои, а неговата добрина и благородност ќе направи да се вљубите до уши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close