Барањето за упис на новороденче отсега достапно и електронски

Фото: МИОА

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир денеска беше промовирана новата онлајн услуга – електронска регистрација на новороденче. Со новата услуга, родителите ќе имаат можност електронски да поднесат барање за упис на нивното новороденче, без да одат до шалтерите на УВМК.

Услугата ја промовираа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили

-Аплицирањето преку услугата “eID” на веб-страницата Услуги ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење, рече Алиу.

Според министерот Алиу, дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните. Тој  посочи дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот Портал за е-Услуги.

-Ние како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата. До крајот на годината ќе дигитализираме повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал”, рече министерот Алиу, нагласувајќи дека тоа ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот