Прес-конференција на Независен медицински синдикат / Фото: Кристина Ивановска

Барањето за плата е исполнето, Независниот синдикат на државна администрација нема да штрајкува

Независниот синдикат на државна администрација денеска соопшти дека нема да организира, ниту пак ќе учествува во протест или штрајк бидејќи е исполнето барањето за исплата на плата за јануари за здравствените работници.

По основ на искажаното дека нема да поднесеме кривична пријава против одговорно лице/фирма в.в. со оштетувањето на ИКТ систем (дознавме од медиуми, известувања како и изјава од претседателот на Влада) сметаме дека пред се обврска е на институцијата да поведе постапка за заштита на ИКТ систем како оштетена страна, се вели во денешното соопштение од синдикатот.

Претставници на Синдикатот вчера на прес-конференција најавија дека ќе поднесат кривична пријава против „лицата кои го довеле Фондот за здравствено осигурување во ваква ситуација“.

Фондот за здравствено осигурување на почетокот на месецов беше цел на хакерски напад поради што беа оневозможени сите услуги што ги дава меѓу кои и исплата на платата за здравствените работници.

Утре протест на медицинарите од Клинички центар

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот