Барање за вонреден инспекциски надзор во центрите за социјална работа во Струга и во Ресен

Со барање за бесплатна правна помош, до Хелсиншкиот комитет се обрати 25-годишна мајка од Ресен, чие 15-месечно дете, добиено во вонбрачна заедница, останало да живее со таткото во Струга. Таа нè извести за недавањето заштита и за непрофесионалното постапување на Центрите за социјална работа во Струга и во Ресен

Иако Центарот за социјална работа во Ресен бил известен за заканите и уцените од страна на мажот кон жената и нејзините родители, Центарот ниту ги заведувал пријавите за семејно насилство ниту постапувал по нив. Странката ни ја опиша голготата со која се соочува во борбата за старателство врз детето, кое со оглед на неговата мала возраст трпи штети по психофизичкиот развој поради неможноста мајката да се грижи за него.

Од доставените документи, забележливо e непрофесионално и незаконско постапување и на Центарот за социјална работа Струга, кој очигледно го фаворизира таткото. Имено, ЦСР Струга го усвоил барањето за доделување старателство на таткото, а по истоветното барање на мајката воопшто не постапил, иако истото е претходно доставено. Во Решението за доверување на малолетното дете на таткото, Центарот за социјална работа Струга навел паушална основа за своето постапување:

“Имајќи ја предвид возраста на детето, развојните потреби во оваа фаза од личниот развој и фактот дека мајката го напуштила брачниот партнер и малолетното дете, стручниот тим при овој орган одлучи детето на чување и воспитување да го додели на таткото“- велат оттаму

Ваквото скандалозно образложение нема основ во Законот за семејство, каде не еат оттаму пропишан основ за доверување на малолетното дете на таткото, затоа што мајката ја напуштила вонбрачната заедница. Напротив, законската рамка која ја регулира оваа материја најнапред ги зема предвид интересите на детето, а интересите на 15-месечното дете не се поклопуваат со живеење во заедница во која се случувало семејно насилство, ниту е во негов интерес да биде лишено од мајчинско vприсуство и грижа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот