Барање на албанската опозиција: Претседателот Мета да го распушти Парламентот

Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша рече оти ќе поддржи секоја иницијатива „што ги скратува деновите на злото и што побрзо тоа се случи, тоа е подобро за граѓаните на земјата”, како одговор на новинарско прашање дали од претседателот Илир Мета ќе побара распуштање на парламентот.

– Моја главна грижа ќе биде грижата на Албанците. Да беа одржани изборите, патот на злото ќе беше скратен. Колку побрзо, толку подобро за секого. Задачите се одредени и јас како претседател на опозицијата ќе го сторам тоа до крај. Добредојден е секој чекор што ги скратува лошите денови, рече Баша.

Тезата за распуштање на Парламентот ја пласираше еден од најважните сојузници во здружената опозиција, Републиканската партија. Лидерот на партијата и поранешен министер за одбрана, Фатмир Медиу, рече дека претседателот Мета треба да го распушти парламентот, доколку пратенците ја отфрлат неговата уредба за изборниот законик.

– Доколку парламентот не ја разгледа уредбата за укинување на едностраните измени во изборниот законик направени од Рама, со уништување на постигнатиот консензусот на 5 јуни и стандардите за слободни и фер избори, ќе побараме од претседателот да го распушти парламентот. Претседателот јавно и јасно, во континутет изјавуваше дека ќе го распушти парламентот ако се нарушат уставот и изборните стандарди, па во согласност со неговите уставни надлежности претседателот треба да го превземе овој чекор, рече Медиу.

Додаде дека од другите лидери на партиите во здружената опозиција веќе побарал да побараат од претседателот Мета да донесе одлука за тоа.

Од друга страна премиерот Еди Рама му порача на Мета „што поскоро да го потпише или врати изборниот законик за да почне да се спроведува”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот