Барањата за финансиска поддршка за месец јуни се поставени на системите Е-даноци и ЕПДД

фото: Слободен печат

Согласно  измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година,  компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

За таа цел Управата за јавни приходи ги изготви и  постави на системот е-Даноци  Образецот -БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и  го изготви и постави на системот Е-ПДД – Образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност.

Во изминатиот период мерката за финансиска поддршка ја искористиле:

– за април 2020 година вкупно  19.696 работодавачи ,  односно 5.707 самостојни вршители на дејност.

-за мај 2020 година вкупно  19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот