Баран од Интерпол за убиство на полицајци: Разбојник од Албанија извадил македонски пасош со украден идентитет

Македонски пасоши/ Фото: МИА

На 28 ноември 2018 година во 12.35 часот во една од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи влегол и познатиот разбојник Адмир Муратај, потпишал барање за издавање нов македонски пасош, се фотографирал, оставил отпечаток од прст и за два дена станал македонски државјанин со украден идентитет на Пајтим Муча, пишува порталот МКД.

Пред да дојде во Македонија, по Муратај имало веќе распишана меѓународна потерница од Интерпол, Атина за убиство на полицајци, вооружени грабежи, употреба на експлозиви, објавија од МКД.

На Муратај ова му било 15. документ со лажен идентитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот