Барам правда, молам Бога да ја нема

Затоа што ако ме прашате мене, ДПМНЕ да говори за правда е како педофил да говори за љубовта кон децата, а правдата во нивни раце е како динамит во рацете на бомбаш самоубиец.

Вака некако ми изгледа кога партијата ВМРО-ДПМНЕ со пола раководство осомничено за тешки криминали и злоупотреби, а се уште на слобода, ќе повика на правда. Оттука се поставува прашањето, на каква правда повикуваат, односно подобро прашано, како тие гледаат на правдата и што за нив таа претставува? Затоа што ако ме прашате мене, ДПМНЕ да говори за правда е како педофил да говори за љубовта кон децата, а правдата во нивни раце е како динамит во рацете на бомбаш самоубиец. Нема да бидам досаден и да повторам каде и каква беше правдата за време владеењето на режимот, нема ни да потсетам дека и по смената на власта неа се уште ја чекаме.

Навидум, ние всушност и немаме проблем во државава, главна желба на сите е да дојде правдата, за неа маршираше СДСМ, маршираше ДПМНЕ, маршираа другите политички партии, маршираа граѓаните, новинарите, сите. Останаа уште судиите да маршираат за правда и да ја комплетираме оваа монтипајтоновска сцена. Шегата на страна, значи главна цел на сите е правдата, а ако правдата е главна цел, тогаш во што е проблемот? Проблемот е во насловот на колумнава.

Прочитајте и...  Во Куманово досега од Ковид-19 се заболени 85 лица, од кои 11 се медицински лица

Баш денеска прочитав еден цитат од Папата Франциско кој вели „подобро атеист отколку лицемерен верник“. Кој е „лицемерниот верник“ во нашата ситуација, кој е лицемерниот борец за правда? Зарем на некого ова се уште не му е јасно? Очигледно не. Во кратки црти, партијата која едвај со посредство на меѓународната заедница потпиша Пржински договор и формирање на Специјално јавно обвинителство, која потоа целосно го опструираше и на крај го уништи (додуша не потполно по нивна заслуга), сега повикува на правда. Партијата која опструираше носење на закон за Јавно обвинителство и со „петни жили“ до последен момент се бореше за негово неносење, сега повикува на правда. Драги читатели, на кому не му е јасно, никогаш нема да му стане јасно, залудно е изнесување на факти, текстови и колумни тука не помагаат, тука треба медицината да вмеша прсти, а можеби и исцелители.

Главниот повод за „маршот за правда“ на ДПМНЕ е нецелосната снимка која Милошоски ја објави за Зоран Заев па обвинија дека Заев всушност ги контролира сите власти во државата, вклучувајќи ја и судската. „Зоран Заев е виновен што во исто време е премиер, обвинител и судија“, рече Мицкоски и остана жив. Да завршеше со говорот во овој момент можеби ќе имаше и некоја логика, но кој може да демантира вмровец подобро одколку тој самиот себе. Па така во продолжение на говорот Мицкоски праша, „кој одговараше овие три години, по годините кампања кои ги водеше Заев“? Понатаму, самиот одговори велејќи „одговорот е ниту еден“, „не докажа ниту еден криминал“.

Прочитајте и...  Трамп дециден: Не сакам да носам маска (ВИДЕО)

Честитаме господине Мицкоски за вистината, токму така, ниту еден, сите до еден криминалци се на слобода, освен тие што ги заведовте да сторат кривично дело во нападот врз Собранието. Како да се докаже криминалот, на кого, на „сваровски судството“? Постои една синтагма во американското судство, која вели „не е битно што знаеш, битно е што можеш да докажеш“. Па така и кај нас, сите знаеме многу, па дури и премногу, видовме, слушнавме, но се успеа да се докаже, ај да одговорам и зошто. Опструирање на СЈО, опструирање на судските рочишта, одолговлекување до застарување (побогу, па Димовски не се појави на 17 рочишта „поради болест“ и на 27 поради „службено патување“), укинување на притвори или не доделување на притвори, со што се овозможи неколку осомничени на чело со главnиот да избегаат, сето тоа овозможено од вашите инсталации во судовите.

Прочитајте и...  Предраг Кон: Не можеме да следиме кој од кого се заразил, Србија не ја држи ситуацијата во свои раце

И сега се поставува главното прашање, доколку Зоран Заев го контролира и обвинителството и судството, како што обвинува Мицкоски, тогаш зошто раководтсвото на ДПМНЕ е се уште на слобода? Зошто Зоран Заев преку компромиси, некои и на штета на политички поени се бореше и се избори за закон за ЈО и поставување на правна основа за предметите покренати од СЈО да може да продолжат? Пак ќе повторам, не може никој да ве демантира толку добро како што знаете вие самите да се демантирате. Во фудбалот тоа се вика автогол, во шахот досега мислев дека сам на себе да си дадеш Шах Мат не можеш, но ете сум погрешил. Шах Мат господине Мицкоски, играта околу правдата е завршена, протестирајте и понатаму за истата, а молете Бога да не дојде.

Прочитај повеќе

Втор викенд со полициски час, празни улици низ Скопје (ВИДЕО)

Слободен печат

Филипче: Располагаме со 4.500 тестови, очекуваме донација од 20.000 китови за тестирање

Слободен печат

Корона криза во доба на роботи: „Каде тргнавте госпоѓо? Лична карта, ве молам!”

Слободен печат

Во Швајцарија од Ковид-19 починаа 540 лица, во Холандија бројката се искачи на 1.651

Бојана Нојиќ

Погледнете како изгледа пазарот во Неапол среде пандемија на коронавирус (ФОТО)

Слободен печат

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот, заразени 1.169.323 лицa

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Погледнете како изгледа Куманово во карантин (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Италија за 24 часа починаа 681 лице, за прв пат помалку пациенти на интензивна нега

Слободен печат

Правилно носење маска за заштита од коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за утврдување на причината за смртта на велешкиот пациент

Слободен печат

Бидете внимателни, сите средства за дезинфекција не се безопасни

Миа Агенција

Нема единство меѓу власта и опозицијата за преговорите со ЕУ