Бараа помош од државата, а сега прават трансфер од пет милиони евра

epa08713838 Arthur Cabral (C) from Basel celebrates after scoring on penalty during the UEFA Europa League playoff soccer match between the FC Basel and CSKA Sofia at the St. Jakob Park Stadium in Basel, Switzerland, 01 October 2020. EPA-EFE/URS FLUEELER

Екипата на Базел е еден од трите клуба во Швајцарија кои се натпреваруваат во Суперлигата и аплицираа за помош од државата поради пандемијата на коронавирусот. Останатите две екипи кои бараа финансиска помош се Сион и Цирих, но токму екипата на Базел се најде на удар на јавноста но и политичарите во Швајцарија бидејќи сака да ангажира засилување вредно пет милиони евра.

Станува збор за 18-годишниот аргентински фудбалер Матијас Паласиос кој се смета за еден од најголемите таленти во светот, но таа идеја не им допадна на политичарите и јавноста кои не можат да разберат зашто екипата бара финансиска помош, а сега сака да плати пет милиони евра за трансфер. Трансферот сè уште не е реализиран, и се чини дека под притисок на јавноста ќе мора да се откаже од оваа идеја.
– Ок, ова сега е апсурдно. Да, „пакетот за прва помош“ е тука за да се искористи, и да, политичарите се тие кои ги условија клубовите парите да ги потрошат само кога е итно, Но, тоа не го прави Базел. Колку бесчуствителни треба да бидат за да направат нешто вакво“, напиша еден од челниците на градот, Бед Баумгартнер.

Сличен став имаат и други политичари кои го нападнаа претседателот на клубот, Бернхарт Бургенер.
– Базел доби помош од државата бидејќи Бургенер очајно си ја работи својата работа. Клубот подобро би функционирал без него – изјави Жоел Туринг, висок функционер на Кантонот Базел.

Од клубот ги отфрлија обвинувањата за расипништво и порачаа дека финансиската помош е да се надоместат загубените приходи од тоа што натпреварите се играат пред празни трибини.
„Трансферите се важен дел од професионалниот спорт, вложување во иднината и исто така се од голема економска важност. Базел во минатото покажа дека води успешна трансфер политика и така остварува приходи. Во ова време ни недостасуваат приходи од продажба на влезници и секој клуб е приморан да продолжи да се обидува да создаде успешна спортска и финансиска иднина“, одговорија од Базел на обвинувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот