-5 C
Скопје

Бар и Меконел ја признаа победата на Бајден на изборите во САД

Државниот обвинител на САД, Вилијам Бар денеска изјави дека Министерството за правда не открило доволен број гласачки измами за резултатот од изборитe да биде променет, признавајќи ја со тоа директно победата на демократот Џо Бајден.

Дека Бајден е победник истовремено индиректно призна и сенаторот и истакнат републиканец Мич Меконел,.

Овие изјави на сопартијци на претседателот Доналд Трамп се наспроти неговите тврдења дека изборите во САД, што се оддржаа на 3 ноември биле измама.

– До денешен ден немаме видено таква измама, што може да доведе до поинаков изборен исход, истакна Бар.

Меконел пак, сенатор од Кентаки и лидер на мнозинството во Сенатот, индиректно ја призна победата на Бајден во изјава околу очекуваниот втор пакет помош за Американците поради пандемијата со новиот коронавирус.

Прочитајте и...  Адвокатка од Струга е на изборната листа на Вјоса Османи за косовските предвремени парламентарни избори

-По првата година (од вирусот), најверојатно ќе има дискусии за дополнителен пакет помош во некоја висина, зависно од тоа кои се преференците на новата администрација, изјави Меконел.

Извор:МИА

Поврзани вести

Симовски: Статистиката ја регистрира реалноста

МИА Агенција

Шокантно сведоштво на српската ѕвезда: Повеќепати ме силуваше познатиот сопственик на угледното училиште Мирослав Мика Алексиќ, има и други жртви

СП.

Општина Центар собира предлози за име на новиот Младински центар

МИА Агенција

Во Вашингтон уапсено лице со оружје и лажна пропусница за инаугурацијата на Бајден

МИА Агенција

За 71 отсто намален бројот на патници од аеродромите во Скопје и Охрид

МИА Агенција

Петти ден по ред во Бразил над 1.000 умрени дневно од ковид-19

МИА Агенција

Остави Коментар