Банкрот или…? Што ќе се случи ако Амбер Херд не може да му ја исплати милионската отштета на Џони Деп

џони деп
Џони Деп и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Поротата која ја прогласи Амбер Херд за виновна за клевета на поранешниот сопруг Џони Деп ѝ наложи да плати отштета од 15 милиони долари, што претставува финансиски ризик за 36-годишната актерка, велат експертите.

Иако не е познат износот на нејзиното богатство, таа заработила милиони глумејќи на телевизија и во филмовите како „Аквамен“ и „Аквамен 2“. Таа претходно добила 7 милиони долари од Деп во спогодбата по нивниот развод во 2016 година, кои вети дека ќе ги донира во добротворни цели. Херд тврдеше дека ги донирала сите седум милиони, но во текот на судењето, мораше да признае дека не го одржала ветувањето.

џони деп
Поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп / Фото: EPA-EFE

Но, сведочењето во текот на судењето сугерираше дека кариерата на актерката е во застој поради правната битка со Деп, според „Њузвик“. Ова може да доведе до прашањето дали Херд има доволно пари да го плати износот на пресудата, кој вклучува 10 милиони долари надомест и 5 милиони долари казнена отштета, која е намалена на 350.000 долари, што е долната граница за таква штета во сојузната држава Вирџинија.

Иако Херд би можела да поднесе жалба на пресудата, таа сепак ќе мора да плати кауција за целосната пресуда од 10,35 милиони долари, плус камата, вели адвокатката Сандра Спурџон од „Spurgeon Law Group“ во Лексингтон, Кентаки, пренесува „Си-би-ес њуз“.

„За поединец кој не е во состојба да ја плати пресудата и нема можност да ја објави обврзницата постои голем проблем ако победничката страна има намера да ја изврши пресудата“, рекла Спурџон за „CBS MoneyWatch“. За споредба, поротата ѝ додели на Херд во тужбата 2 милиона долари. Деп заработил дури 650 милиони долари во период од 13 години, според „Холивуд репортер“.

Херд не ги коментираше финансиските услови на пресудата во изјавата што ја објави на Твитер во средата попладне во која изрази „разочарување“ од одлуката на поротата. На актерката ѝ остануваат неколку опции по објавувањето на пресудата:

Може да поднесе жалба на пресудата

Како што веќе најави, Херд би можела да се жали на пресудата со надеж дека ќе добие поповолна пресуда и ќе го намали износот на отштетата. Но, во меѓувреме, таа ќе мора да плати кауција за целосната отштета од 10,35 милиони долари, што може, но и не мора да биде изводливо, рече Сперџон.

Ако Херд одлучи да не поднесе жалба, а нема доволно пари за да ја плати отштетата, тогаш нејзините сегашни и идни приходи ќе бидат повлечени од нејзините банкарски сметки, тврдат правните експерти.

Прашањето е ако таа рече: „Гледај, јас немам пари, можете да ги погледнете моите банкарски сметки“, тогаш можеме да зборуваме за работи како што е задржување (одземање) на нејзината плата. Не е невообичаено некој да каже: „Немам – не можам да го исполнам ова.“, и затоа сигурно мислам дека, бидејќи таа има потенцијал за заработка, дел од нејзината плата може да биде одземен“, рекла правната соработничка на „Си-би-ес њуз“ Џесика Левинсон.

Амбер Херд и Џони Деп
Фото: EPA

Може да прогласи банкрот

Херд, исто така, има опција да поднесе барање за банкрот, со што ќе се елиминираат 10 милиони долари компензаторна штета, рекла Спурџон. Но, таа сепак ќе мора да плати 350.000 долари казнена штета, која се елиминира со банкротот. Исто така, постои опција Деп да одлучи да не ја изврши пресудата, откажувајќи се од паричната отштета, рекла Спурџон.

„Во моментов тој управува со ситуацијата“, рече таа, истакнувајќи дека Деп може да преговара со Херд и за помал износ на отштетата. Во својот коментар на Инстаграм по пресудата, Деп не посочи дали има намера да покрене парична пресуда против Херд. Тој напиша дека „целта на покренувањето на овој случај била да се открие вистината, без разлика на исходот“.

„Во судницата има насилник, но тоа не е Џони Деп“: Случајот е во рацете на поротниците

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот