Банките ќе ги одложат ратите, ама за тој период ќе наплаќаат камати

Фото: МИА

За станбен кредит од 35.000 евра за кој останале уште 300 рати, дополнителната камата за одложените 6 месеци е 602 евра, пресмета сајтот Банкарство.мк

Двете најголеми банки – Комерцијална банка и Стопанска банка, како и дел од помалите банки, веќе ги објавија новите услови за кредитирање и предизвикаа бурни реакции кај граѓаните. Тие ќе ги одложат кредитите за 6 месеци, но за овој период ќе се пресметува камата, која понатаму ќе се додаде на ратите што ќе се отплатуваат. Ова значи дека во иднина ратите ќе бидат поголеми во однос на тие што би биле без да се прифати одобрениот грејс-периос.

Граѓаните негодуваат дека оваа не е начин да им се помогне, односно дека во вонредна состојба кога тие остануваат без вообичаениот износ на приход, и банките треба да понесат одреден товар, затоа што остваруваат огромни профити.

Износот на каматите воопшто не е мал, особено ако се за еден станбен кредит. Специјализираниот сајт Банкарство.мк направи симулација за дополнителните износи што ќе треба да се плаќаат.

За потрошувачки кредит од 600.000 денари за кои останале да се платат уште 72 рати, дополнителната камата за пресметаниот 6-месечен грејс-период изнесува 17.457 денари, односно ратите ќе се зголемат за околу 290 денари.

За станбен кредит од 35.000 евра за кој останале уште 300 рати, дополнителната камата за овие 6 месеци е 602 евра. Која распределена на преостанатите рати го зголемува нивниот месечен износ за 4 евра.

Според министерката за финансии Нина Ангеловска, банките треба да им помогнат на граѓаните, но мора да се грижат и за својата долгорочна ликвидност.

Банките и понатаму ќе треба да им излегуваат во пресрет на фирмите и на граѓаните со одобрување кредити. Тие мора да ја зачуваат својата стабилност. Во сите земји дури и каде што се прогласи мораториум за отплата на кредитите, течат каматите во овој период – рече Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот