Банката на Англија држи венецуелско злато вредно над милијарда долари, судот не му го враќа на Мадуро

Мадуро побара да му се предаде златото за да и помогне на земјата во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Британски судија одби да и даде контрола на Венецуела над повеќе од милијарда долари во злато, кое се наоѓа во трезор во Банката на Англија, пресудувајќи дека е нелегално да му се предаде златото на Николас Мадуро, бидејќи Велика Британија не го признава за претседател на Венецуела.

Мадуро побара да му се предаде златото за да и помогне на земјата во борбата против пандемијата на коронавирусот.

Сепак, британската централна банка, чија влада го признава Гуидо за легитимен лидер, одби да го предаде златото на социјалистичката влада на Мадуро.

Гуаидо сака да ги зачува резервите на злато во Банката на Англија за да ги држи подалеку од владата на Мадуро.

Сарос Заивала, адвокат што ја претставува страната на Мадуро, најави дека ќе се жали на пресудата.

Тој во соопштение оцени дека пресудата „целосно ја игнорира реалноста на ситуацијата на теренот” во Венецуела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот