Банкарскиот систем е стабилен – банкарите непречено даваат услуги

-Економските ефекти од вирусот сѐ уште се неизвесни на глобално и национално ниво и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок, велат од НБ.

Претставниците на Народната банка и на Министерството за финансии ја разгледале состојбата во банкарскиот сектор, а во контекст на актуелните услови со ширењето на вирусот ковид-19. Од таму со заклучок дека систем е стабилен, а банките продолжуваат со давање услуги на граѓаните и компаниите и се прудентни во своето работење.

-Економските ефекти од вирусот сѐ уште се неизвесни на глобално и национално ниво и зависат од времетраењето и силината на овој неочекуван шок. Народната банка и Министерството за финансии постојано ги ажурираат информациите и вршат оцена на можните ефекти врз домашната економија, заради навремена процена на потребата од преземање соодветни мерки, потенцираат од Народна Банка.

Се очекува во претстојните денови, Советот на Народната банка да донесе регулаторна измена со која ќе се олеснат условите за реструктурирање на кредитите на граѓаните и компаниите.

Претходно, на почетокот на неделава, Народната банка ја намали основната каматна стапка на 1,75, а потоа Советот на Народната банка донесе и неколку одлуки за регулаторни промени коишто придонесуваат за ублажување на потенцијалните неповолни ефекти врз економијата. Се очекува дека дел од нив ќе овозможат поголема кредитна поддршка и поповолни услови за компаниите коишто се погодени, бидејќи износот на новите или реструктурираните кредити одобрени на овие компании ќе претставува одбитна стапка од обврската за држење задолжителна резерва на банките кај Народната банка. Донесена е и одлука за одложена примена на некои регулаторни барања од банките за да се овозможи поголема посветеност на банките на давањето кредитна поддршка на стопанството и на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот