Банкарскиот сектор годинава остварил поголема добивка од лани

банки
Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Банките годинава, заклучно сооктомври, имале поголема добивка отколку истиот период лани, покажуваат податоците на Народната банка. Добивката по оданочување на целиот банкарски сектор била 96 милиони евра за 9 месеци, додека лани за истиот период изнесувала 94 милиони евра.

Овој податок е особено интересе ако се земе предвид дека банките на голем дел од своиоте кленти им ги одложија наплатите на ратите заедно со каматите, почнувајчи од април, односно по прогласувањето на пандемијата со ковид – 19. Податоците од Народната банка покажуваат дека на 31.03 додека банките нормално наплатуваа рати и камати, нивната вкупна добивка била 18,4 милиони евра, а потоа, за наредните 6 месеци тие инкасирале уште 77,4 милиони евра.

Сите банки заедно, во изминативе 9 месеци од годинава, им наплатиле камата на фирмите и на граѓаните во вкупен износ од 225,4 милиони евра, а за депозитите што тие ги чуваат кај нив дале камата од 42,4 милиони евра. Минатата година пак, заклучно со октомври, износот на наплатената камата бил 234 милиони евра, а за камати на депозити банките платиле 52 милиони евра.

Во однос на провизиите и надоместоци, банкарите се држат до своето златно правило, на различни начини да инкасираат износ кој е веќе традиционално околу една третина од износот на наплатената камата. Така, износот на провизии и надоместоци, заклучно со 30.09 ова година бил 84,4 милиони евра, а минатата година, тој износ бил 90,2 милиони евра.

Во овие вкупи податоци се и загубите на Еуростандард банка на која на 12 август и се одзеде лиценцата за работа.

Податоците покажуваат и дека заклучно со октомври домаќинствата се кредитирани со 2,2 милијарди евра, а дека на сметки во банките имат 4,6 милијарди евра.

Банкарскиот сектор има голема актива од 9,2 милијарди евра и добива високи оценки за солвентност. Но, тој стана и мета на остри критики во јавноста поради тоа што за време на одложувањето на ратите поради пандемијата течеа каматите, кои пак потоа се плаќаат заедно со другата камата што доспева при отплатата на ратите.

Податоците покажаа дека првото одложување на отплатата на ратите од април до октомври ги чини граѓаните и фирмите што ги репрограмираа долговите 39 милиони евра.

Тоа е износот на пресметаната камата, што стигнува за наплата заедно со ратите и со тековната камата за нив, кога почнуваат да се отпатуваат. Од октомври постои нова можност за одложување на ратите, но само за оние за кои банките дадоа зелено светло во случај клиентите да останале без работа, да имат значително намалени приходи, или да имале голем трошок за лекување на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот