Банка на Велика Британија: Падот на криптовалутите покажува потреба од построги правила

Биткоин криптовалути / Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Централната банка на Велика Британија денеска предупреди дека неодамнешните падови на криптовалути кои збришаа повеќе од 2 билиони долари ја нагласуваат потребата од построга финансиска регулатива.

Банката соопшти дека падовите ги изложиле недостатоците на крипто-пазарите кои потсетуваат на претходните финансиски превирања.

Екстремната нестабилност на крипто-пазарите доведе до масивни продажби и интензивни падови на цените, објави банката во својот најнов извештај за финансиската стабилност.

Иако целокупната финансиска стабилност не е загрозена, банката е загрижена дека „системските ризици” ќе растат бидејќи криптовалутите стануваат се повеќе испреплетени со поширокиот финансиски систем.

Банката повика на „подобрени регулаторни рамки и рамки за спроведување на законот”.

Видео на денот