Банка казнета за корупција: „Посериозно да се справи со перењето пари“

Медиумите известуваат дека казните се изречени за наводна корупција поврзани со државната нафтена компанија во Венецуела и со Светската фудбалска федерација – ФИФА.

Надлежната швајцарска институција за контрола на финансискиот пазар ja казни банката „Julius Baer“ за непочитување на обврските против перење пари.

Медиумите известуваат дека казните се изречени за наводна корупција поврзани со државната нафтена компанија во Венецуела и со Светската фудбалска федерација – ФИФА.

Швајцарската Институција за контрола на финансискиот пазар (FINMA), во својата одлука изјави дека „Julius Baer“ сериозно „го прекршил законот за финансиски пазари“ и забранува да продолжи со „големи и сложени аквизиции сè додека не ги исполни целосно своите законс норми“.

На одборот на директори исто така му беше наредено да го сфати посериозно перењето пари. Банката најави дека ќе соработува со надлежните органи, како и дека ќе работи на отстранување на неправилностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот