Бањаја ќе ја има пол позицијата на патеката во Остин

Франческо Бањаја ја освои третата последователна пол позиција оваа сезона во Мото ГП/Тексас, САД/2 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја денеска ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на САД, откако беше најбрз во квалификациите на патеката во Остин.

Италијанецот ја освои третата последователна пол позиција оваа сезона во Мото ГП шампионатот после Арагон и Мизано.

До пол позицијата стигна со време од 02:02.781 мин. и беше за 348 илјадити делови од секундата побрз од лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро.

Покрај Бањаја, веројатно главната приказна на квалификациите е Марк Маркез. Човекот за кого ова е една од омилените патеки на крајот беше трет со 428 илјадити дел од секундата побавно време од Бањаја.

Во првите 10 редоследно се најдоа Мартин, Накагами, Зарко, Ринс, Мир, Марини и Џек Милер. Андреа Довициозо го освои четвртото место во Петронас во првиот квартал од квалификациите, што значи дека ќе стартува од 14 место, додека легендарниот Валентино Роси од дури 21 позиција.

Трката за Големата награда на САД ќе се вози в недела со почеток од 21.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот