Бангладеш: Од денга грозница најмалку 40 починати

Повеќе од 44.000 лица во Бангладеш годинава се инфицирани од денга грозница, а само за еден ден, вчера, имало 2.100 новозаразени лица, јавија светските агенции.

Денга грозницата ја пренесуваат комарци и не може да се пренесе од човек на човек.

Властите во оваа азиска држава наведуваат дека во епидемијата досега починале најмалку 40 лица и дека болниците се преполни со инфицирани. Локалните медиуми, сепак, наведуваат дека досега од ова агрозница починале најмалку 100 лица.

Оваа смртоносна грозница секоја година се јавува во Бангладеш во текот на сезоната на монсунски дождови, што трае од јуни до септември.

Оваа година во земјата е регистрирана една од најлошите епидемии, пренесуваат светските агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот