Баневски: Боки 13 се мешаше во уредувачката политика

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На денешното рочиште за аферата „Рекет“ на кој им се суди на Бојан Јовановски и на Катица Јанева, како сведок во доказна постапка, од тројцата планирани сведоци, денеска прв сведочеше поранешниот новинар во 1ТВ, Христијан Баневски.

Отсутен беше сведокот Виктор Доневски за кој судот имал сознание дека времено е во Јужна Америка.

Баневски пред судот рече дека во 1ТВ работел од нејзиниот прв ден каде бил репортер.

– Работевме се што беше важно тој ден. За работните задачите неретко учествуваше и Бојан Јовановски. Од мене беше побарано дека ќе ги испитуваме флашираните води кој се во продажба. Јас неколку пати по барање на Јовановски беше да дадам такви најави, за да после некој период во нашата телевизија беше „Пелистерка“ иако јас не знаев дали сме испратиле било какви мостри за испитување – рече сведокот.

Нагласи дека еднаш бил повикан во канцеларијата на Јовановски и му даде податоци дека фабриката „Агриа“ наводно сторила кривични дела.

– Јовановски се интересираше дали газдата на фирмата се исплашил, а човекот мене ми рече дека ние сме рекетатска фирма и ми спушти слушалка. После седум дена Перо Колевски ми рече дека може да се видиме и да снимиме прилог. Кога го прашав Јовановски дали го рекетира тој човек, Боки ми рече дека телевизија мора да живее од нешто. Реков дека ќе дадам отказ, но бев замолен да останам во фирмата. Работев се додека кај Јовановски во канцеларија беше Томе Главчев. Идејата му беше да направиме сторија за успешна приказна. По извесно време дознав дека Главчев си имал проблеми со Јанева и за брзо време ми станаа многу работи јасни – рече Баневски.

Првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот