Банда за седум месеци низ Македонија пренела 400 мигранти

Фото: Илустрација

Полицијата денеска извести дека уапсила добро организирана 14 члена криминална група, со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност која од март годинава до денес, организирале криумчарење на 400 мигранти, по потекло од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји.

Мигрантите претходно престојувале во Грција, а меѓу кои имало и деца. Полицијата претпоставува дека бандата од мигрантите заработила околу 200.000 евра.

– Мигрантите во земјава влегувале преку „Зелена граница“, најчесто во околината на Гевгелија и Дојран, со помош на водичи кој ги носеле до одредени локации. Од овие локации членовите на групата, ги прифаќале мигрантите и со патнички и товарни возила и ги превезувале до локации во близина селата Марвинци, Удово и Фурка, како и до Богданци и Демир Капија. Од таму ги транспортирале до кумановските села Ваксинце и Лојане. Соработници во организираната криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник. Во оваа акција претресени се 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово, а уапсени се девет лица. Еден веќе е во затворот „Скопје“, друг во „Идризово“, а трет пак е затворен во Србија – изјави на прес конференција полицискиот портпарол Тони Ангеловски.

Тој извести дека поднесена е кривична пријава против 14 лица и тоа за едно лице кое е со привремен престој на територија на Грција, како и против М.С.(45) од село Богородица, И.Ѓ.(20) од Ново Конско, Ќ.А.(28) од Арачиново, Н.М.(35) од Арачиново, Б.Г.(24) од Марвинци, И.Ѓ.(49) од Ново Конско, Б.Р.(28) од Арачиново, Љ.А.(26) од Арачиново, Х.А. (27) од Арачиново, .П.(27) од Богородица, С.К.(23) од Селемли, Ф.А.(32) од Јосифово и Д. М.(22) од Богданци. Тие се осомничени за кривични дела организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти , за криумчарење на мигранти и за кривично дело помагање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот