Банда од Злокуќани краде домашни миленици за борби со кучиња

Борба со кучиња - илустрација, Фото: Vyacheslav OSELEDKO / AFP / Profimedia

Мистериозно исчезналo вашeто куче-миленик и се обидувате да го најдете во маалото или со апели преку социјалните мрежи. Најверојатно дека нема да успеете да го најдете, зашто зад најголемиот број исчезнати кучиња стои добро организирана банда од скопската приградска населба Злокуќани.

За постоењето на криминалната дружина знае и полицијата, но се уште не може да ги фати на дело и да ги казни крадците на најчесто скапи, расни кучиња.
Бандата дејствува во три групи. Една се „грижи“ да процени од каде да се украде кучето, втората група се обидува да му го (пре)продаде на сопственикот од кого е украдено (ако кучето не атрактивно), а третата група има задача да го препродаде, ако е силно, на тие што организираат борби со кучиња. Организаторите преку социјалните мрежи испраќаат испраќаат покани за крволочните борби од типот: „Моето куче е посилно“. Такви „познати“ терени има во Прилеп, Гостивар и во Тетово.

Изработил: Елисавета Бејкова/Слободен печат

Заработувачката од добиена борба или обложување може да достигне и до 10.000 евра. Набарани раси се шарпланинци, кангали, кучиња-борци и питбули, иако интересирањето за нив е се послабо.  

Од полицијата велат дека тешко е да се откријат, а уште потешко да се докажат ваквите нелегални дејанија. За да се покрене кривична одговорност треба наод од ветеринар, а ниту еден ветеринар не се осмелил да пријави куче кое е повредено во борба. Поради тоа ваквите дела, и кога ќе се откријат се казнуваат прекршочно. Полицијата потсетува дека организирањето борби со кучиња е кривично дело мачење животни за кое е предвидена казна од 500 до 1.000 евра, па и затвор. Обложувањето за време на овие борби е исто така кривично дело.

Изработил: Елисавета Бејкова/Слободен печат

Законот вели дека кучињата кои се затекнати во организирана борба се одземаат и привремено сместуваат во прифатилиште заради спроведување на мерки предвидени со прописите од ветеринарното здравство и со цел повторно да биде здомено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот